|
Компанијата ЦИКЛОПЕА д.о.о. е млада, динамична и флексибилна компанија која нуди соработка на преведувачите и континуирано врши регрутирање и селекција на квалитетни добавувачи кои се заинтересирани за соработка. Работната средина во нашата компанија се одликува со високо ниво на професионалност и можност за професионален развој. Доколку поседувате преведувачко искуство или сте изворен говорник на некој странски јазик, односно овластен судски преведувач и сметате дека поседувате адекватни професионални и лични карактеристики со кои би можеле да се вклопите помеѓу членовите од тимот на ЦИКЛОПЕА Преведувачкиот центар , Ве молиме да ни се обратите на следнава е-маил адреса: info@prevodimo.com Доколку не заинтригира Вашиот животопис (CV), ќе Ви испратиме краток тест со кој ќе го потврдите квалитетот на услугите кои ги нудите. Во случај на позитивен резултат, Ви се отвора вратата за хонорарна соработка или со потпис на договор за деловна соработка можете да се стекнете со статус на добавувач во компанијата ЦИКЛОПЕА д.о.о. Важно е да се напомене дека покрај квалитетот на услугата која ја нудите мора да бидете подготвени да ги прифатите и нашите Услови за соработка. На основа на прашалник, тест и интервју ќе ја дефинираме идната соработка.
|