|
Преводот како наш основен производ се карактеризира со комбинација од знаења за јазикот, стручност за одредено подрачје, ангажман и мотивираност, користење на современи информациско-комуникациски технологии, како и координација на целокупниот процес од страна на водителот на проектот, за целокупната работа да биде што поефикасно и поквалитетно изведена. Важно е да се нагласи брзината, флексибилноста, квалитетот и сигурноста во целокупниот процес. Со гарантирање на квалитетот на сите наши преводи преземаме одговорност во поглед на квалитетот и веродостојноста, што всушност може да се види и од довербата која ни ја имаат укажано најреномираните хрватски компании, познати меѓународни претпријатија и брендови, угледни организации од непрофитниот сектор, државни институции, спортски клубови, адвокатски и нотарски канцеларии и т.н. Преведувачките услуги секако имаат одредена специфичност. Кога станува збор за превод, не се работи за "шарен артикл" произведен на далечниот исток, за кој од време на време може да се прогласи акциска распродажба бидејќи рокот на траење брзо му истекува, или залихите од производот побавно се трошат. Такви "акции" кај нас сигурно нема да сретнете поради специфичноста на производот кој содржи висока компонента на интелектуален капитал од стручниот кадар кој што е ангажиран на проектите, кои во секој превод го внесуваат своето знаење, стручност, ангажман и останати ресурси. Поради таквиот пристап кон работата загарантиран е квалитетот на нашиот производ, односно услуга. Нашето работење се темели на индивидуализиран пристап кон клиентот и амбиција со секој поединечен клиент да воспоставиме партнерски однос. Однос во кој двете страни ќе имаат добивка. Ние со стекнатата доверба, а нашиот партнер со квалитетната услуга и максимизираната вредност на односот вложено/добиено кога станува збор за преведувачки услуги.
|